Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров вечерва во интервју за Телевизија 24 истакна дека СДСМ се обединува и подготвена е, има капацитет да се справи со сите претстојни предизвици.

Во однос на мотивите за вклучување во раководството на СДСМ, Петров посочи дека неговата цел е да му помогне на раководството да ги оствари зацртаните цели.

„Немам амбиција за било каква функција, целта на моето вклучување е да му помогнам на претседателот Ковачевски, да ги реализира неговите цели кои јавно ги соопшти а тоа е расчистување со корупцијата, расчистување со клиентелизмот, стабилизирање на важни процеси, затоа што верувам дека неговите заложби се искрени“ порача Петров.

Тој додаде дека претседателот Ковачевски има капацитет да се справи со предизвиците и да направи окрупнување на партијата која и натаму ќе продолжи да работи за граѓаните.

„Претседателот Ковачевски и тимот околу него имаат капацитет да се справат со сите предизвици. Ковачевски има капацитет да окрупнува, да ја отвори партијата за луѓе од надвор, добро е што еден од првите чекори е окрпунување на партијата и тоа е добро, тоа може да донесе само добро за партијата. Ако со некого целта ви е заедничка, ако делите исти вредности, тогаш тендецијата треба да биде во хармонизирање на односите и тоа Ковачевски и тоа како може да го спроведе. Тој е личност која може да одговори на тие задачи, да се отворат вратите и луѓето да се приклучат поинтензивно.“ порача Петров.