Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски ја однесе изборната победа во оваа општина во првиот круг од локалните избори 2021.

Според првичните и неофицијални резултати од ДИК, довербата му ја дале 63,01% од избирачите што излегле на гласање.

Неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Александар Рангелов освои 30,59% од гласовите, Зоран Павловски од ЛДП и ДОМ 2,28%, а за Славчо Станковски од ИНТЕГРА гласале 0,46% од граѓаните.

Митовски победата ја сподели и на својот Фејсбук профил.