Синоќа околу 22 часот и 30 минути тетовски полицајци лишиле од слобода сопственик на угостителски објект-чајџилница која работела вон дозволеното работно време за време на пандемија. Во локалот имало пет гости.

 олициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин“ во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата и понатаму евидентира и луѓе кои не се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19 и не носат маски. За 24 часа во периодот 24-25 јануари изготвени се 29 платни налози на тетовското подрачје.