Денеска во Охрид се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро, согласно договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, потпишан 2004 година.

Состанокот го отвори градоначалникот на град Охрид, Костантин Ѓеоѓиевски а поздравни говори имаа и министерот и претседател на Националната комисија за УНЕСКО – Едмонд Адеми и претставниците од Албанија.

За време на пленарниот состанок за претседавач на Комитетот беше избран Костантин Ѓеорѓиевски а за секретар градоначалникот на општина Поградец Илир Џаколи.

Во продолжение беше усвоен деловникот за работа на Комитетот и се дискутираше за посетата на Реактивната мисија на УНЕСКО во Северна Македонија и Албанија, која треба да се оствари на крајот од овој месец.

Воедно, беше одлучено наредниот состанок да се реализира во текот на месец јуни 2020 год.