Се запали еден од кинеските автобуси на ЈСП набавени во времето на Коце Трајановски на 3-та македонска бригада во скопски Аеродром.

Патниците навреме се евакуирани и нема повредени меѓу нив.

Противпожарната бригада интервенираше со едно возило и го изгасна пожарот кој се појави во задниот дел на автобусот, кај моторот.