Познатиот доктор инфектолог Вело Марковски денеска до медиумите испрати покана за прес-конференција во четврток каде, според најавата ќе ја објави својата намера за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори.

Во меилот се наведува дека функција ќе промовира и своја веб-страница.

Марковски својот медиумски пробив го имаше за време на пандемијата со корона, каде со своите ставови ги оспоруваше мерките за заштита од зараза и нудеше алтернативни решенија за справување со болеста.