Ниту во услови на светска пандемија, вевчанци не се откажаа од скоро 15-вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал.

Но поради непочитување на здравствените протоколи за спречување на коронавирусот интервенирала и полицијата за да спречат групирање на повеќе лица кои биле дел од поворката на Вевчанскиот карневал.

За време на Карневалот бил уапсен и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ од Вевчани, Ѓорѓи Влајнкиноски.

„Денес бев апсен. За ништо, се разбира. Нема страв, нема предавање. Има полициска бруталност, ама ќе им помине.
Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви БЛАГОДАРАМ за ПРКОСОТ кон полициската бруталност. Да живее Вевчани, да живе Македонија“, напиша Влајникиноски.