Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 10, Битола 7, Крива Паланка 10, Берово 7, Кавадарци 9, Дојран 10.

И утре ќе имаме променливо облачно време, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. , особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 6 до 12 Целзиусови степени.