Германската амбасада во Скопје утрово соопшти дека во следните три месеци нема да има листа на чекање за пријавување. Според Амбасадата, ваквата одлука е донесена затоа што при последното пријавување за термини, поради технички проблеми, пријавени се повеќе лица, поради што овие лица ќе бидат поканети на термин до февруари.