Пратеникот Рубин Земон ја обвини ВМРО- ДПМНЕ дека со преку 200 амандмани сака да го скрие мега корупцискиот скандал и организиран криминал во охридскиот универзитет Св. Апостол Павле. Ова е дел на тековната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ да се попречи расчистувањето со криминалот за време на нивниот режим, рече Земон.

Имено, група пратеници меѓу кои и угледни универзитетски професори, како дел на Собранието што е основач и на овој универзитет во Охрид, имајќи го во предвид повеќегодишното незаконско функционирање на Универзитетот, конститирано на повеќе пати од Државниот просветен инспекторат и овластениот државен ревизор, поднесоа предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на овој Универезитетот. Со предлог Законот се предивидува да во охридскиот унивезитет се основаат потребните единици за да се исполнат законски услови за законско функционирање на еден универзитет, меѓу кои покрај Факултетот за информатички науки и технологии, да се осниваат уште  Факултет за заштита на животната средина, Факултет за општетсвени и хуманистички науки, Факултет за применети уметности и Иниститут за напредни истражувања за управување со животната средина и културното наследство.

Текстот на предлог Законот беше усогласен и со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а по барање на студентите беше организирана и јавна расправа во Собранието, на ден  31 јануари 2020 година. На јавната расправа угледни стручни и компететни лица се признесоа дека ваквиот предлог закон е повеќе е неопходен за да се спаси Универзитетот, како и тоа дека отварањето на вакви нови студии се неопходни за Охрид и југозападниот регион, имајќи ги во предвид и забелешките на УНЕСКО но и развојот на економијата и туризмот. Предлог Законот е квалитетен соодветен одржлив  одговор на забелешките на УНЕСКО, кон заштитата на природното и културното светско добро на Охридскиот регион.     

Опасноста за затворањето на Универзитетот во Охрид е  поради тоа, што според Законот за високо образование, бројот на вработени доктори на науки по информатика е далеку под бројот за функционирање на факултетиските единици по информатички науки, голем број на ангажирани професори се со ненострифицирани дипломи, меѓу кои и т.н. ректор кој скоро 9 години ректорува без соодветна нострифицирана диплома за завршени докторски студии. Поради ваквата неодржлива состојба универзитетот нема законски основи да добие реакредитација за работа.

Пратеникот Рубин Земон ги повика јавното обвинителство, како и антрикорупциската комисија, но и сите овластени државни органи да ургентно и соодветно го процесуираат овој мега скандал, што ги надминува академските рамки, што ќе биде и наш придонес кон успешното започнување на преговорите за зачленување во ЕУ.

Со овој потег на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат донесувањето на предлог Законот за Универзитетот Св. Апостол Павле преку 200-тина небулозни амадмани, на текстот од Законот што претходно беше усогласен, врз основа на добиена директива во „5 до 12“, тие застанаа на страната да го бранат и кријат криминалот, застана против развојот на Охрид во респектабилен универзитетски град, застанаа против одржливата заштита на животната средина, како и против унапредувањето на заштитата на културното наследство.