На 27 март 2020 година станавме 30-та полноправна членка на НАТО.

На 30 март 2020 година македонското знаме беше развиорено пред седиштето на НАТО во Брисел додека се интонираше македонската химна.

4 години потоа…

Истовремено сме горди на тоа што реализиравме една од најважните стратешки цели и збунети од политичкиот предизборен апсурд.

Понудата никогаш не била поспротивставена, а изборот полесен.

Бираме помеѓу тоа дали ќе продолжиме по европскиот пат или ќе возиме во спротивна насока.

Колку за илустрација:

Носители на листи во ИЕ3:

Двоецот Сања Лукаревска/Љупчо Николовски наспроти Драган Ковачки.

Додека првиве помагаа да се поплочи патот кон НАТО, на Ковачки му беше одземен НАТО сертификатот?

Додека првиве шират европски и демократски вредности, Ковачки ширеше клевети и навреди?

Не смееме нашата иднина да ја дадеме во рацете на анти-НАТО и анти-ЕУ ликови со сомнително безбедносно минато?!

На нас останува, ќе одиме напред со останатиот цивилизиран свет или ќе се затвориме и изолираме?!