Техничкиот дополнителен заменик-министер за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски и поранешниот министер за земјоделство од Социјалистичка партија, Љупчо Димовски денеска со две дијаметрално спротивни изјави а во врска со хидросистемот Злетовица.
Веднаш после изјавата на Трипуновски, со своја реакција на фејсбук се јави поранешниот министер за земјоделство од Социјалистичката партија која е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски, спротивно на изјавата на Трипуновски, потенцира дека неговата партија со 2 министри за земјоделство и 2 директори на хидросистемот се, како што вели, единствените кои го изградиле ХС Злетовица и дека, според него, тоа е потврда на посветеноста на македонските социјалисти.
Познавајки го фактот дека Љупчо Димовски е претседател на Социјалистичката партија и она што два пати во реакцијата на фејсбук ја потенцира улогата на неговата партија, може да се заклучи дека сепак во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не цветаат рози, посебно во делот на земјоделството.
Пред неколку недели Трипуновски објави фотографии од неговиот кабинет од каде се пофали дека имал средба со поранешни министри за земјоделство, меѓу кои го немаше токму Димовски.