- единствена партија со предложен кандидат за претседател на државата без граѓанска поддршка
- единствена партија која ги изигра сопствените поддржувачи-потписници на кандидатурата на Силјановска
- единствена партија која прво ги угнете земјоделците, а потоа ги посипа со лажни вести и манипулации
- единствена партија каде главниот збор го водат носители на листи со одземени НАТО сертификати
- единствена партија која вака слаткоречиво ни ја тутна и Данела, да не се повтори!
- единствена партија каде носител на листа има иновирано формула за размножување станови, 5 стана за 4 години
- единствена партија каде со паразитирање си добиваш хациенда на охридско крајбрежје, а после одиш кај гласачкото тело да му зборуваш за чесност
- единствена партија каде со непотизам доаѓаш до титула, а после тоа е лесно – хидроцентралите сами си доаѓаат
- единствена партија која наместо да се ориентира кон европски интеграции, сe’ уште оди на “баци-рака” кај Орбан
Ако ова е најдоброто од ВМРО-ДПМНЕ, какво ли е тогаш она помалку доброто?!