Дијаметрално спротивни ставови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во рок од само 7 дена?!

Па, сега има ли државата потреба од ВОНРЕДНА состојба или нема, пред само една недела опозиционерите не можеа да сфатат зошто се потребни нови 30 дена вонредна состојба, после само 7 дена велат неспорен е фактот дека државата има потреба од неа. Со други зборови, како на ВМРО-ДПМНЕ му одговара во моментот, така! Нема континунитет на политики, нема стратегија, нема високи цели…се водат по импулсот од сопствените интреси, од денес до утре…

Па, оттука се наметнува и прашањето дали сè што зборува и прави ВМРО-ДПМНЕ е исклучиво за реализација на тесно партиски интереси и каде се тука граѓаните, мисли ли некој на нивните интереси?!