Силата што ги влече „патриотите“ да бидат против НАТО ги става во губитничка позиција. Зошто? Затоа што да бидете контра НАТО е неподносливо лесно, и тоа не е само поради лигавата и во основа подла „реторичка емоционализација“ по тоа прашање.

Забележувам дека сите од „патриотскиот“ табор, ама буквално сите се против НАТО, а богами има и такви што „така се чувствуваат“. Но, сепак, на таа тема ми недостига малку повеќе искреност, како за почеток. А бидејќи искреност имаме „на рати“, одлучувам во што ќе нѐ чини нас да го следиме нивниот евроатлански пат? Ништо нема да нѐ чини, само може да бидеме подобри, побогати и можеме да имаме многу повеќе човекови права и разни граѓански слободи, токму по примерот на најбогатите држави. Во овој текст да се осврнам на некои важни политички резонанси – зошто НАТО е важно. Не само зошто е важно, туку поради НАТО се менува целата политичка и културна парадигма во земјата.

Ги гледам, не дека не ги гледам, ми зборуваат оние од „патриотскиот“ табор, „зошто ни е тоа, што бараме тамо, да си ги гледаме нашите работи…“ Станува збор за луѓе на кои воените знаења им завршуваат на начин што разликуваат пушка од пиштол. Во таа смисла, што воопшто значи нивното мислење за тоа што Северна Македонија пристапи во НАТО – кој ѝ како за тоа одлучи – да влеземе во „воениот сојуз“?

Од друга страна, некој можеби ќе се праша какво е моето воено искуство, со што јас толку се истакнувам за да имам подобри аргументации за влезот во НАТО? Да бидам искрен, војската, пушките и пиштолите ме интересираат исто онолку колку што ме интересира начинот на кој се подготвува пилешко рижото. Сѐ што знам за тоа јадење е да го нарачам и да го изедам. Па, сепак, јас, како и многу луѓе во оваа земја, имам мислење зошто е добро што влеговме во НАТО.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.