Насловот на овој текст е директната порака од „најдобриот говор во историјата на локалните избори“ (како што го оценува неговиот Агитпроп): Апасиев во саботата (а јас, абдал невнимателен, го преспав три дена!) се обрати на митингот на градоначалничкиот кандидат Перо Камиказа, во кој најави дека „кога ќе дојдеме на власт, ќе ги забраниме митинзите, да знаете!“, а потоа се „осврна“ на потребата изборите да се одржуваат секоја година, како за време на старите Римјани, „оти како што гледате, само пред избори се работи“, нудејќи им го 62-годишниот Камиказа на младите поддржувачи на Левица за градоначалник на Скопје поради неговата „возраст и искуство“, а и бидејќи, според фотографиите во кои Апасиев направил увид, „Перо има јаки стомачни (мускули)“ и „како за негова возраст многу добро се држи“.

По неколку пасажи од римските времиња и анегдоти од создавањето на Левица, Апасиев во „најдобриот говор во историјата на локалните избори“ ја испрати главната порака од митингот (што ќе се забрани, веднаш по неговото доаѓање на власт): „Hо конечно дојде времето кога ни се плашат – и треба да ни се плашат, бидејќи ќе бидеме сурови, безмилосни кoн нивните криминали и нивните предавства. Бидејќи Левица не простува и Левица не ги заборава сите овие зулуми коишто ни ги направија.“

Целата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.