Според книгата на Вулф, Трамп е душевно болен, има рани знаци на деменција или дека е целосно сенилен, дека нема појма од ништо. Ништо не чита и никогаш нема ништо прочитано. Не е во состојба да прочита подолга реченица или подолг текст од еден твит.

Книгата „Оган и бес: одвнатре во Трамповата Бела куќа“ (Fire and Fury: Inside the Trump White House), која е бестселер број еден во Америка, на новинарот Мајкл Вулф, кој шест месеци живееше во Белата куќа и ги бележеше сите детали: како живеат, што јадат, каде спијат, како се расправаат, а понекогаш како по малку и работат. Постои и филм „The Post“ (2017) на Стивен Спилберг, приказна која може да се поврзе со скандалот во Вашингтон, приказна која се занимава со познатите „Пентагон пејперс“, тајни документи за вистината на војната во Виетнам, кои стигнаа во јавноста пред приближно 45 години. Вистина која четворица претседатели на Америка ја криеја од јавноста, од Конгресот и од Сенатот. Благодарение на „Њујорк тајмс“ и на „Вашингтон пост“, а потоа и на сите други, повикувајќи се на најважниот, првиот амандман во Уставот – слободата на говор – на јавноста и беше прикажана вистинската вистина за таа страшна војна. Со објавувањето на овие „Пентагон пејперс“ тргна рушењето на Ричард Никсон, за потоа „Вашингтон пост“ да го дотепа со познатата афера „Вотергејт“.

Четворица претседатели на САД се занимаваа со заташкување на „Пентагон пејперс“, но аферите избија токму во мандатот на Никсон. Тој се обидуваше да ги цензурира, да го запира – барем за кратко – печатењето на тие документи, се додека Уставниот суд, најважната институција и најголемата оставнина на САД, пресуди дека првиот амандман е поважен од што било и од кого било, што значи дека граѓаните имаат право слободно да се изразуваат и да ја дознаат целата вистина, така што Уставниот суд со таквиот гест ги заштити медиумите.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниов ЛИНК.