Во новиот предлог ЗРО има предлог за посебна заштита на работниците за време на бременост.
Породилното отсуство ќе се дели на мајчинско, татковско и родителско отсуство.
Татковското е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена.
Мајчинското отсуство е предвидено да трае 5 месеци.
Родителското отсуство е предвидено да трае по четири месеци за секој родител поединечно.
Тоа значи дека мајката има 5 месеци мајчинско и 4 месеци родителско отсуство, односно останува на породилно отсуство со детето исто како и досега – 9 месеци.
Но, доколку овој предлог-закон е усвоен, се воведува и родителското отсуство од 4 месеци за таткото.
Доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителското отсуство на мајката, тоа значи дека породилното отсуство за двајцата родители ќе биде вкупно 13 месеци.
Придобивките се очигледни, не само поради зголемениот период за породилно отсуство, туку и поради поттикнување на директно вклучување на таткото во извршувањето на родителските и семејните обврски.

ФБ статус на Кристина Костова