Дали чашата ја гледате како полуполна или полупразна❗️❓
🗣Ние Кумановци сме програмирани да бидеме сочувствителни. Ние сме создадени да се грижиме за другите и да бидеме дарежливи едни кон други. Ние згаснуваме кога е невозможно да се комуницира, да се смее, да се дружи.
😡И оваа 2021-та навистина „оди на нерви”: постојано страшни корона-вести, ограничувања на контактите, страв од зараза или губење на работното место. Нема патувања и излети, нема ресторани и кафулиња, концерти или спортски настани. Со мерките против короната, светот ни стана мал и здодевен.
😡Луѓето низ светот се обидуваат да пронајдат начини за справување со новиот тип коронавирус. Секој ден првото листање на социјални мрежи по правило се испоуплашиме од збогувања со познати наши сограѓани и ја сфатиме повторно и повторно сериозноста дека короната и смртта е во соседната зграда, улица,дом. Навистина е страшно, тешко и неизвесно. Короната до сега ни украде многу од нашите животи.
✅Не сум ни психолог, ни лекар, ниту воопшто здравствен работник. Но, имам одговорност како човек пред се да повикам на верба и надеж за подобро утро и излез од оваа Корона криза.
📍За жал ситуацијата е таква каква што е. Нема многу корист од тоа постојано да се нервираме или да се плашиме константно.
Мора да мислиме малку повеќе и позитивно и похрабро.
👉Мои сограѓани, мои најпочитувани Кумановци мора да издржиме, мора да преживееме и да му дадеме шанса на животот.
👉Почна вакцинацијата, јас ќе се вакцинирам кога ќе дојде редот на вакцинација на мојата генерација-луѓе со 37 години. Приоритет се мерките, науката нема моментално решение за вирусот во секој сегмент, мора да почитуваме што ни велат здравствените работници.
👉Да се обидеме да не паднеме ментално, да се храбриме едни со други, да си помогнеме, па и добар збор да си кажеме е од полза.
📍📌Јас како пратеник стојам максимално, ама буквално максимално на располагање за се што можам и каде можам да помогнам. Слободно пишите или исконтактирајте ме. Секој еден Кумановец е најбитен
Ќе преживееме и Куманово пак Кумановски ќе живее✊
ФБ статус на Мартин Костовски, пратеник