Го разбирам аргументот на загриженост дека попис не треба да се прави во време на пандемија, со драстично влошени статистики во изминатите десетина дена на новозаразени и починати во Македонија. Ризици постојат и важноста на пописните протоколи не смее да се потценува.

Но, кога на тоа ќе се додаде дека, така спроведен попис, се прогласува како проект за „отпис на Македонците“ или дека е резултат на заговор помеѓу Заев и Ахмети за фалсификување на пописните резултати – тоа нема никаква смисла едно со друго! Освен ако не сте активно вклучен во повиците за бојкот на пописот, па манипулирате со здравствените аспекти на таа операција и сопствените политички фрустрации за тоа што можат да покажат пописните статистики во вашата еднодимензионална етничка преокупација. Таквата позиција е јасна политичка демагогија во која противниците на пописната статистичка операција ги злоупотребуваат здравствените грижи во јавноста, за да постигнат некакви свои политички цели. Тоа треба да е јасно.

На таа политичка неконзистентност се надоврзува блокирањето на „карантинскиот“, а не на политичкиот кворум за работа на Собранието од страна на опозицијата, која не прифаќа негова онлајн работа – а самите велат дека ни попис не може да се направи заради опасноста од ширењето на заразата. Логично би било, ако се намерите конструктивни, да се бара одлагање на пописот, со итно прифаќање на онлајн функционирање на законодавниот дом, за да се надмине политичката блокада од пандемијата, во натпартиски интерес на јавноста. Но, не, бидејќи и на тоа ниво функционира истата демагогија.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа на следниот ЛИНК.