Денеска започна асфалтирањето на патот кон кривопаланечкиот манастир СВ. Јоаким Осоговски, пат кој се финансира преку програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

3

Патот е со должина од околу три километри, а вредноста на проектот што ќе придонесе за промоција на туризмот и историското наследство на Крива Паланка, изнесува околу 16 милиони денари.

1

На патот се санирани постојните свлечишта, изградени се потпорни ѕидови, поставени се риголи долж целата траса, а делови од патот се проширени, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.