Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој деновиве интензивно се работи на подготовка и исплатата на земјоделските субвенции за 2020 година.

Земјоделците ја очекуваат државната поддршка, а крајниот законски рок за исплата на сите субвенции е 30 јуни.

– Започнавме со субвенциите на лозарите, а пред два дена исплативме и 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки. Станува збор за исплати за повеќе мерки и тоа: за вршење на земјоделска дејност во подрачја со  ограничени можности,или попознато како ПОМ,  за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во земјоделството  2019. Исто така исплатени се и субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма 2020 година. Почетокот на март го одбележуваме со исплата на субвенциите за полјоделски култури –изјави за Агротим, директорот на агенцијата, Никица Бачовскии најави потпишување на договори од Мерка 1 од ИПАРД програмата.

-Во понеделник сме во посета на Ресен каде ќе потпишеме 7 договори за Мерка 1 од ИПАРД програмата за инвестиции во земјоделска механизација во пресрет на новата сезона – изјави Бачовски.

Повеќе информации од областа на земјоделството на Агротим.мк