Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Твитер профил објави фотографија на која се наоѓаат членови на ВМРО-ДПМНЕ, а на која очигледно е дека не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, не се носи маска, не се одржува дистанца.

„Состанок на ВМРО ДПМНЕ за барање одговорност од власта за коронавирусот“, напиша Филипче.