Епидемијата на смртоносниот коронавирус во Кина може да се проширила од лилјаци на луѓе преку нелегален транспорт на крлушести мравојади, единствените крлушести цицачи во светот, кои во Азија се употребуваат во производството на храна и лекови, велат кинеските истражувачи.
Панголинот, или крлушестиот мравојад, е еден од најтргуваните цицачи во Азија, иако е заштитен со меѓународното право, бидејќи неговото месо се смета за деликатес во земјите како што е Кина, а неговите крлушки се користат во традиционалната медицина, велат од Светскиот фонд за животински свет.
„Ова најново откритие ќе биде од големо значење за спречувањето и контролата на потеклото (на вирусот)“, велат од Земјоделскиот универзитет на Јужна Кина, кој го водел истражувањето.
Епидемијата, во која досега починаа 636 луѓе во копнена Кина, се верува дека почнала на пазар во градот Вухан, во централната провинција Хубеи, на кој се продаваат живи диви животни.
Здравствените експерти сметаат дека можеби потекнува од лилјаци, а потоа се пренел на луѓе, можеби преку некој друг вид.