Вкупно 750 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава. Во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 307 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти. На ГАК има шест хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 44 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 56 пациенти, во Прилеп 72, во ковид – центарот во Гостивар 12, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани седум, во Кичево шест, Кавадарци 48, во Гевгелија девет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаaт потреба од кислородна подршка. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението