Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.С.(43) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот во текот на 2023 година, изградил објект на ул.„8-ми Октомври“, а притоа не поседувал одобрение за градба издадено од надлежен орган, информираа од МВР.