-По 11 години држава заробена во режим, корупција и криминал, ‘Шарената револуција’ беше првиот чекор кој го направија илјадници бунтовни, храбри и критично настроени граѓани и донесоа огромни политички и општествени промени.
Со заеднички труд и огромна волја, со низа протести за демократија, слобода, еднаквост и правда, граѓаните го поразија режимот и ја ослободија државата од стегите на диктатурата, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски,
-Денес заложбите од ‘Шарената револуција’ ги преточуваме во реални мерки и политики кои обезбедуваат повеќе слобода и демократија, независно судство и отворени и професионални инситуции, заклучува Николовски.