Претседателот Стево Пендаровски во своето гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија ја искористи можноста да демантира две шпекулации кои се шират во јавноста:

“Овие 14 дена немаат ама баш никаква врска со евентуално утре или задутре договорениот изборен ден. Тоа се шпекулации. Воопшто не се водев по тоа.

Има и една друга заблуда, а тоа е дека со утврдување на вонредна состојба, јас утврдувам и полициски час. Тоа нема врска едно со друго. Полициски час служи за заштита на јавното здравје, односно сузбивање на заразна болест” – истакна Пендаровски.