Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, изрази сочувство до семејството на првиот починат медиумски работник од корона во земјава.

„Искрено сочувство до семејството на Беким Бајрамоски, од Струга кој ја изгуби битката со подмолниот Ковид-19. Бајрамовски имаше само 44 години и беше вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа. Меѓу колегите важеше за човек со благородна душа, мирен и работлив. Бајрамоски со вирусот корона се заразил од околината, најверојатно од член од семејството.“ – порача Поповски.
„По оваа тажна вест, искрено апелирам до сите медиумски работници и граѓани, да внимаваме. Вирусот нема милост, не бира возраст, ниту пол ниту вера. Тој е тука меѓу нас, да не му дозволиме да не нападне. Да ги почитуваме препораките кои важат за сите нас на оваа планета. Вакцина нема, дотогаш единствената превентива за заштита е одржувањето дистанца, честото миење на раце и задолжително носење на маска.“ – истакна министерот.