Во репортажа на телевизија Телма, некои од пациентите примени на Инфективната клиника во Скопје говореа пред камерите за нивните искуства, стравот за сопствените животи, но и борбата на медицинскиот персонал кој неуморно се бори за секој човечки живот.

Еден од похрабрите кој реши да ја каже својата приказна пред камерата на Телма, Заир Селмани, вели дека кога бил примен на клиниката, пред 2 недели, бил во крајно сериозна состојба, со отежнато дишење заради тоа што вирусот имал опфатено речиси 90% од белите дробови. Денес тој чека негативен резултат од вториот тест.