Врз основа на член 68 став 2 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, член 2 став 1 алинеја 5 од Правилникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за парламентарните избори 2020 година и точка 3 од Роковникот за спроведување на постапката за предлагање на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за парламентарните избори 2020 година, усвоени на четиринаесетата седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, одржана на ден 30.01.2020 година се објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за самокандидирање за кандидати за пратеници и пратенички во Собранието на Република Северна Македонија за парламентарните избори 2020 година
СДСМ е отворена партија!
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија започна постапка за избор на најодговорните кандидати за пратеници и пратенички од независноста па досега. Имајќи го предвид ова даваме можност за самокандидирање и на личности кои не се дел од СДСМ, а се докажани индивидуи, кредибилни и препознаени во средината, кои ги поддржуваат нашите политики и имаат идеи да ги надградуваат. За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани професионалци, чесни и угледни индивидуи кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, кои имаат желба и визија за подобро утре да се самокандидираат за пратеник/претеничка одлучно и самоиницијативно!
Ве повикуваме да се самокандидирате за пратеник/пратеничка, за заедно да изградиме силен, независен Парламент. Приклучете се, заедно да носиме позитивни промени, заедно да работиме во интерес на сите наши граѓанки и граѓани. Заедно ќе го унапредиме Парламентот уште повеќе, да биде Дом на сите граѓани, Дом во кој се носат прогресивни одлуки за доброто на народот, Дом кој ја турка земјата напред.
Нашите кандидатски листи ќе бидат креирани врз основа на принципот за родова, младинска и етничка застапеност и тоа:
-
50% застапеност на обата пола;
-
најмалку 30% млади;
-
различна етничка застапеност.
Кандидатите на СДСМ за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија треба да ги исполнуваат предвидените критериуми во Правилникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за парламентарните избори 2020 година:
-
Да бидат полнолетни, односно да имаат наполнети 18 години старост;
-
Да имаат деловна способност;
-
Да уживаат висок углед и доверба меѓу членството и симпазитерите на СДСМ, како и меѓу сите граѓани на Република Северна Македонија;
-
Да бидат активни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ;
-
Да уживаат висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење да ја има подршката од сите етнички заедници;
-
Почитување, вреднување на принципите и вредностите едно опшество за сите граѓани;
-
Да биде угледен, чесен, професионален и стручен во делокругот на својата работа;
-
Да поседува дополнителни вредности и капацитет за мобилизирање на граѓани;
-
Во целост да ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели Социјалдемократскиот сојуз на Македонија;
-
Да потпишат изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот во целост да го почитуваат;
-
Изјава за прифаќање на кандидатура за пратеник од редовите на СДСМ;
-
Целосно да го почитува Статутот на СДСМ;
-
Целосно исполнување на предвидените законски услови за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија;
-
Во целост да ги почитува позитивните законски прописи на РСМ и да не се води судска постапка за било какви дејствија спротивни на закон, и
-
Прифаќа обврски за постојан контакт и средби со граѓаните во Собранието, но и во својата општина и изборна единица.
Во согласност со точка 3 од Роковникот за спроведување на постапката за предлагање на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за парламентарните избори 2020 година, постапката за Самокандидирање започнува преку објавување на оглас за самокандидирање на официјалната интернет страница СДСМ, како и објавување на оглас за самокандидирање во најмалку два дневни весници на македонски јазик и еден дневен весник на албански јазик. Постапката трае од 07.02.2020 година до 16.02.2020 година.
Самокандидираните кандидати за пратеници во хартиена форма задолжително доставуваат:
– Биографија/CV;
– Мотивационо писмо/писмо за намера;
– Потпишана Изјава за постапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ;
– Потпишана Изјава за прифаќање на кандидатура за пратеник од редовите на СДСМ;
Заинтересираните кандидати своите кандидатури (со целосна прилог документација во хартија, во затворен плик со назнака Самокандидатура за пратеник запарламентарните избори 2020 година) потребно е да ги достават најдоцна до 16 февруари 2020 година до Извршниот одбор на ЦО на СДСМ, во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќка број 8 Скопје.
Дополнителни информации и потребните обрасци за комплетирање на документацијата (Изјава за постапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ, Изјава за прифаќање на кандидатура за пратеник од редовите на СДСМ, Стандардизиран формулар за биографија) се објавени на веб страната на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – www.sdsm.org.mk.
Обрасци за комплетирање на документација: