Техничкиот премиер Оливер Спасовски во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија со став дека 5 јули е прв извесен датум за одржување на парламентарните избори.

“5 јули е прв извесен датум за одржување на изборите. Изборите треба да се одржат така како што е пропишано во Уставот и во законите и врз основа на уредбата која е донесена. Знаеме дека уредбата е донесена како резултат на волјата на политичките партии да бидат одложени парламентарните избори кои требаше да се одржат на 12 април. Ни остануваат уште 22 дена од изборните дејства така што по завршувањето на вонредната состојба, во рок од 22 дена треба да се одржат избори. Тој датум е 5 јули” – истакна Спасовски.

Во однос на новонастанатата ситуација со двајцата позитивни партиски функционери во СДСМ, запрашан дали има услови да се води кампања, Спасовски со став:

“Има алтернативни мерки и алтернативен пристап до избирачите како и на кој начин треба да се промовира програмата и да им се понуди. Врз основа на протоколотите издадени од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе може да се организираат сите овие предизборни дејствија, како и денот на изборите. Тоа ќе се направи со малку поголема предострожност на сите нас и со побрзо приспособување на новата нормалност ќе имаме успешно завршен изборен процес” – додаде Спасовски.