ВМРО-ДПМНЕ е единствена опозиција во Европа која континуирано за целото време на пандемијата ширеше континуирани напади, лажни вести, паника, ситење со бројки, политиканство… рече заменик министерот за надворешни работи и член на Централниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Жерновски рече дека опозицијата ликува кога расте бројот на новозаразените, цело време бараат оставка од Филипче и распуштање на Комисијата за заразни болести затоа што очекувале крах.

„Докажавме дека имаме систем наспроти евтино кокетирање со здравјето“ – рече Жерновски кој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори затоа што ги знаат анкетите.

„Не е прв пат да бегаат од избори, но лицемерно е што евтино кокетираат со здравјето на граѓаните“ – порача Жерновски.