Министерот Николовски информираше дека се исплатени субвенциите за пчеларите кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства.

„210 милиони денари исплатени средства до 5.877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства.

Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства.

Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници. Согласно динамиката до крајот на годината реализирани ќе бидат сите исплати кон земјоделците.

Парите се тука, обезбедени и земјоделците ќе ги добијат своите заслужени средства.“, рече Николовски.