Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски оствари разговор со неколку попишувачи и продискутираа за тоа како тече попишувањето,

„Пописот е најважаната статистичка операција. Тоа е основа за носење идни правилни одлуки и камен-темелник на нашата демократија.
Имав можност да разговарам со неколку попишувачи и продискутиравме за тоа како тече попишувањето. Сакам лично да им се заблагорадам на сите реонски попишувачи и инструктори за досегашната работа, за нивната посветеност, истрајност и учество во Пописот“, истакна Николовски.