Денеска на социјалната мрежа Твитер, лавина од реакции по повод вчерашната прес-конференција на угостителите кои стојат на ставот дека нема да ги користат предложените владини мерки бидејќи се несоодвенти, а со тоа ќе бидат приморани да ги отпуштат вработените и да стават клуч на локалите.
По тој повод, во текот на денешната прес-конференција се огласи и министерот за економија, Кресник Бектеши, кој на угостителите им порача да плаќаат даноци, да не бараат начин да работат на црно и дека ќе продолжат засилени инспекции во таа дејност:
„Изнесовте нереални бројки и неточни информации во јавноста. Некои постојано се во обид да работат на црно и да избегнат плаќање на давачки кон државата, а јас со инспекторите ќе продолжиме да го санкционираме таквото работење“, изјави Бектеши на денешната прес-конференција.
Во продолжение мала компилација на Твитер реакции:
Што е следно од кафеанџиите, ќе ја срушат сивата економија?
— Astérix (@SendvicSoVegeta) April 8, 2020
И да, угостителите најбрзо ќе се опорават од ова. Уште првиот ден ќе бидат полни сите локали
— Калиси (@MajkaNaZmejovi) April 8, 2020
Нема оправдување за потегот на угостителите.
Да не сакаш да ги задржиш вработените на кој државата ќе им дава два месеци минимална плата. Они не сакаат ни придонеси да платат, они сакаат државата све да им плати. Они не биле погоден сектор, туку со одлука затворен сектор.
Багра! pic.twitter.com/SGgGmTGNbP— Gandalf the Red (@_redgandalf_) April 8, 2020
Секоја чест за луѓе кои не се себични и вистински ги почитуваат вработените. 👏👏🙏
Каква гозба ќе правиме после ова во Воденица Три, па па па. pic.twitter.com/NtjII4GTHM— Поцков (@GPockov) April 8, 2020
Има газди што возат џип, 3 коли, имаат куќа, викендица и одат на 3 одмори…
И истите тие плачат дека немале да им дадат пари на вработените…
Дајте ви се молам…— EmptyPersona (@darkhour_seeker) April 8, 2020
сега е право време за нов закон за угостителство
– нема пушење
– нема користење тротоари и тревници
– нема отварање локали во згради во кои има станари физички лица— Jovan P ⛅🍀 (@jp_wanderer) April 8, 2020
Кога народот им плаќа капучино по 120д. тогаш е супер, кога треба минимална плата да се даде два месеци во криза тогаш владата и нина им се криви.
Багра профитерска! https://t.co/9hYwDy8vlZ— Gandalf the Red (@_redgandalf_) April 8, 2020
Угостителите не само што не привлекоа некакви симпатии, туку напротив – одбивност.
Стопанска гранка што најмногу ескивира закон (непријавени вработени, работа во кеш на црно, лоша хигиена, узурпира јавни површини, загадува со бучава итн.). Треба некој да ги дисциплинира мислам. pic.twitter.com/Wvc9HjVL3K— Duchess🏴 (@arthurgordonpy3) April 8, 2020
На големиве скопски газди, фирмите за 15 дена им пропаднаа, па бркаат од работа и намалуваат плати. Ете, колку ГОЛЕМИ биле. Ситни души.
— Srecko Popovski (@srepop) April 8, 2020