На 8 април 2015 година, лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев, како дел од проектот “Вистината за Македонија”, објави запрепастувачки аудио снимки кои се однесуваа на скандалозното однесување и работење на тогашниот градоначалник на Битола, Владимир Талески. За дел од она што тогаш со неверување го слушавме,  деновиве Кривичниот суд во Скопје донесе и судска одлука од 8 години затвор за Талески како главен протагонист во случајот “Транспортер”  кој со злоупотреба на службената положба и овластувањата со свои соработници проневериле речиси 360 000 евра.

-Јавноста слушна што мислат Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска за Градоначалникот на Битола, Владимир Талески. За Ставревски, Талески бил „тежок криминалец“ и „перфиден актер“ а Јанкуловска го дополнува дека тоа му било „професија“.

-Ќе се потсетиме заради признанието на Ставрески дека договорот којшто Талески го склучил со „Транскоп“, за превоз на ученици, е „коруптивен до даска“, со договорени цени „десет пати повисоки“, за што СДСМ поднесе и кривична пријава против Талески.

-Ќе се потсетиме што мисли првиот човек на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиоски, за Градоначалникот Талески. Како Илиоски, во разговор со Миле Јанакиески, се жали за паѓањето на рејтингот на Талески, дури 13% за само два месеци. Во разговорот Јанакиески потврдува дека Талески слабо работи, а Илиоски пак се прашува што правел Талески цели четири години.

-Ќе слушнеме разговор помеѓу Миле Јанакиески и Владимир Талески. Јанакиески се жали дека приватна компанија „Марди“ му прави проблеми и веднаш додава дека знае што да направат. „Ќе го затвориме“ вели Јанакиески и покрај тоа што има голем број на вработени. А Талески пак дава предлог решението да биде исто како со Велија.

-Следи и разговор со Влатко Чингоски, тогашен директор на ЕЛЕМ и Владимир Талески. Замислете, Чингоски бара од Талески да ја провери можноста 20-тина граѓани да гласаат на две места за време на изборите во 2011 година. Скандалот е поголем со признанието дека вакви изборни манипулации се правеле и во 2009-та година.