Поради неодговорноста на возрасните за време на ковид кризава, децата и нивното право на образование и здравје најмногу страдаат.

Нивниот глас и барања ретко се слушаат и во медиумите. Уште пострашно, ретко се слушаат и од родителите. Значи, родителите речиси и да не ги застапуваат интересите на своите деца. Ги слушаме по дома децата како молат да си играат со други деца. Речиси се останато функционира.

Сега си го поставувам прашањето што најмногу ме боли: Зарем не требаше да ги земеме предвид интересите на нашите деца пред се останато? Веројатно вака изгледа како е да бидеш дел од било која друга маргинализирана група. Десензибилизирани сме.

ФБ став на Владимир Делов, портпарол во Министерството за образование и наука