Не можам да се сетам на нејзиниот облик, ја помнам низ магла. Очите ми беа насолзени од возбуда и трема. Нозете ми се тресеа. Имав вртоглавица. Кога ќе размислам, се чувствував како да сум болен од грип, како да ме тресе грозница. Сакав да побегнам, да се скријам, истовремено, сакав да бидам таму, се чувствував важно, големо.

Ми ја ставија в раце додека нешто ми зборуваа, веројатно ми даваа некои насоки или некој комунистички благослов, што ли, не знам. Само знам дека беше блескава и многу, многу тешка. Искрено, не знам ни кое одделение бев, шесто, можеби седмо, можеби бев поголем… Инаку, добро се сеќавам и на најраните години на детството, но тој миг, тие неколку минути ми се во магла.

Си го слушав срцето како ми татни во ушите. Мислам дека слушнав нешто како „Ајде, трчај!“ Во следниот миг потрчав. Немав здив, нозете сами трчаа, слушнав ракоплескање… Трчав. Бескрајно долго. Пот и солзи ми се слеваа во очите, не ги чувствував нозете, а со рацете (или со раката) толку цврсто ја држев што ми отрпнаа прстите и дланките.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.