Ова е време кога, под самата површината на тоа што го нарекуваат политичка борба, лесно се открива тапост, глупост и простотилак. Голотијата на заробените умови… За нив, сталинизмот и фашизмот се благосостојба и олеснување, ослободување од тоа несносливо бреме на самостојното мислење. Но силната светлина на денот ја спржи нивната голотија… А Правдата го исука мечот од кориците со звук од кој се грози ненаситната глутница.

Да се верува во лагите на политичките кујни на криминалците, мора човек да биде премногу прост или колосално глуп. Да се работи во тие фабрики на омразата и лагата, да се биде дел од таа мала армија онлајн тролови кои сеат омраза и вулгарности 24/7мора да се биде безнадежно изгубен, морално паднат и гнасен во душата. Од првиот ден на пандемијата, сѐ што прават криминалците во политиката е да овозможат ширење на коронавирусот и на инфодемијата, значи, да продолжат со вообичаениот бизнис: продукција на лажни вести и омраза. Следени од „патриотите“, запотени и гушнати по кафани и партиски штабови.

Не им успеа обидот за крвав државен удар, па ги кренаа децибелите на вревата. Демократијата, слободата на говорот им се штит за нивниот криминал и терор. Слабостите на системот самите ги создадоа како отстапница за деновите по нивниот пад. Меѓу себе се изедоа, еден на друг си забиваат ножеви в грб, но најостриот нож го чуваат за да ѝ го забијат на својата сопствена земја, нејзината иднина, иднината на децата. Јавноста дозна дека дел од нив се добро платени за сето тоа (200.000 евра за оние тројцана, на пример). За другите, по 9-15 илјадарки (во денари) за цел месец чмаење во партиските трол фабрики. Ако им чини. Сите останати, бесплатно шират отрови наоколу, кукавички скриени зад сенката на анонимноста, некои од нив сѐ уште закачени на вимето на државата.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.