Земал таткото вампир да го учи своето дете вампирче како се цица крв. „Си леташ така, и кога ќе видиш некој човек, ќе отидеш до него, ќе го каснеш и ќе му исцицаш малку крв. Потоа, на некој друг, па на некој трет, и така по малку од секој, додека не се заситиш.“ Детето го прашува: „Тато, а зошто цицаме само малку? Зошто не им ја исцицаме целата крв на луѓето?“. Таткото одговара: „Дете мое, па ние сме вампири, не сме банкари.“

Вампирите не постојат. Банките, да. И ќе постојат, сè додека постојат парите. Треба да им служат на луѓето, а не да им ја пијат крвта.

(Извадок од една моја колумна од 2016, денес актуелно повеќе од кога било)

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ