Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнувале акција, од утре до 30 мај ќе посетиле 500 села.
Се прашувам што правеа до сега пратениците?
Пратеникот има обврска во текот на целиот свој мандат да биде во постојана комуникација со граѓаните, самиот опис на функцијата, претставници на граѓаните во Парламентот, доволно кажува.
Кога веќе одлучиле да парадираат, одлична можност ќе им биде, да им објаснат на граѓаните зошто ги кочеа економските мерки за помош на граѓаните во КОВИД-19 пандемијата, зошто ја блокираат изградбата на клинички, изградбата на регионален откупен центар во Струмица, поддршката на граѓаните со низок доход….
Секако убава прилика за струмичани ќе биде да ги прашаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како им успеа за 5 месеци да инкасираат 2.000.000 (два милиони) денари, по основ на патни трошоци.
ФБ статус на Костадин Костадинов