Пред нос во скапи автомобили ни протестираат против криминал и корупција членови на најкорумпираната и најкриминална и најбогата партија во Европа, а вие само продолжете со прифаќање и ширење на лажни вести кои се стокмени токму во белата палата на криминалната партија која воедно претставува центар за ширење лажни вести.

Колку лаптопи ќе се купеа со 60 000 000 евра од проектот “компјутер за секое дете”кои завршија во подрумите на училиштата? Колку лаптопи ќе се купеа за учениците од милионскиот проект Кембриџ во основното образование? Колку лаптопи за учениците ќе се купеа и колку училишта ќе се реновораа од испраните пари за проектот Скопје 2014, ” денот на дрвото”, жални врби, палми…. Што мислите дека Дафина случајно рече “некои пратеници немаат можеби лаптоп”… знаеше центарот за лажни вести за донацијата, знаеше дека ќе се осовременуваат службите и до некаде успеа повторно да дефокусира со навлекување на омраза на народот кон пратениците, кон народните избраници… се е ова политиканство и загревање на луѓето за локалните избори и евентуално предвремени избори.На ДПМНЕ не му е ни до граѓаните, ни до учениците, ни до справување со КОВИД 19 , тие ја тераат агендата на Грујо кој диктира од Будимпешта а тоа е СОКРИВАЊЕ НА КРИМИНАЛОТ И КРИМИНАЛЦИТЕ ОД СОПСТВЕНИТЕ РЕДОВИ!
ФБ статус на Жаклина Лазаревска