Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ѝ нуди на ЕУ план со три столба и вели: „Ако не биде прифатен мојот план јас немам намера да прифатам уставни измени под овие услови“. Дали рововите се навистина толку длабоки?

 

…Тука е една од болките на Христијан Мицкоски. „Зошто тие што го правеа францускиот предлог не нѐ прашаа нас, ако веќе тоа не го направија нашите. Партнерството е двонасочна улица. Ние да почитуваме, но и да бидеме почитувани. Бараме малку почит“, му зборуваше Мицкоски на Михајлоски.

Потоа претстави еден геоцентричен план од три столба – национален, политички и економски. Првиот чекор за тој негов план биле предвремени избори. „Ако тој план што го нудам биде прифатен од ЕУ, апсолутно ќе доведе до преговорите“, рече тој. На прашањето на Михајлоски – „А што ако не биде прифатен?“, Мицкоски го даде овој одговор: „Ако не, тогаш немаме партнер во процесот“. За потоа да дообјасни: „Ако не биде прифатен мојот план и трите столба во него, јас немам намера да прифатам уставни измени под овие услови. А дали тоа ќе значи стопирање на пристапувањето или ќе значи план Б, тоа не зависи од мене, туку од тие таму што доаѓаат овде“. Додавајќи уште оти „тие не сакаат да гарантираат дека Бугарија нема да побара нешто друго од историски причини“.

Последниве три години во Бугарија се води една жешка дебата која е поделена со јасна линија – дека едни политички сили сакаат промена во општеството, уморено од корупција, неефикасност на судството и потрошени политички елити; а на друга страна се оние кои од петни жили се обидуваат да го зачуваат статус-квото. Во кое најдобро функционираат. Пресликувањето на македонски услови би било не само неблагодарна работа, туку и многу невнимателна.

Но ако тргнеме од вчерашните зборови на Мицкоски дека во разговорите со Бербок „не слушнав доволен број аргументи со кои би ме убедиле да го променам својот став“ и дека „овој парламент нема мандат за уставни измени под бугарски диктат“, би можело да се изведе заклучок дека вмровскиот лидер се вкопува во ровот каде што се сите „херои“ што сакаат статус-кво. И уште додаде: „Подготвени сме тој план веднаш по изборите да го ставиме на располагање пред дипломатите на ЕУ“.

Целата колумна на Љупчо Поповски за Дојче Веле на следниов ЛИНК.