Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања? Со кое лице му го изговараш името? На неговата слава ли ќе собираш гласови? На сообраќајката што се случи помеѓу два изборни круга на избори што ги организираше твојата партија?
Наместо да прашуваш „До каде е случајот со Никола Младенов“, прашај до каде е случајот со нелегалното масовно прислушување.
Во папката со прислушуваните разговори од мојот мобилен телефон си ги најдов и муабетите со Никола. Уште чекам да се појавам како сведок на суд да ја потврдам автентичноста на разговорите во кои со него другарски си ги споделувавме сомнежите и стравувањата од владеењето на твојата партија. Оти не беше само телефонското прислушување. Ако веќе те интересира под кои околности загина Никола тогаш зошто твојата партија со сите средства ја попречува правдата да се открие кој го нареди масовното прислушување и следењето на новинари во времето кога бевте на власт.
Вистинското прашање е: Зошто сте го следеле и Никола? Одговорот побарај си го кога следниот пат ќе одиш за Будимпешта.

ФБ статус на Горан Михајловски