Мицкоски се нуди за помош на владата, се расфрла со милијарди евра, нуди решенија за пандемијата за која сите иоле нормални и разумни луѓе велат дека ова е без преседан состојба, а Мицко ни се нуди да ја реши цела криза.

Татенце го вработил, му дал плата, му купил стан, а сега Мицко пораснал, па ќе ја решел кризата. Нека оди на Скајп, нека види што ќе му каже оној што честита денес на нивните сомнителни портали – а не знаеме на кого точно му честита – за НАТО и ЕУ.

Се’ направија да не’ влеземе НАТО и да не добиеме преговори со ЕУ, па откако дојдоа нормални луѓе да ја водат државата, сега рачињата широки им се за честитање, па уште и’ се нудат на владата за справувaње со кризата.

Ако беше Калигула наш современик, сигурен сум дека Мицкоски ќе го поставеше за сенатор.

И Груевски се’ уште има коњ за тркање.

Ненад Јовановиќ