,Петни жили” е придавка, ама и ,,х”-фактор, тука на Балканот.Зоран Заев многу убаво го знае тоа, оти и патот до НАТО – не беше мазен. Ама успеа!

Не поразличен е и патот до ЕУ – трнлив, за жал. Ама за разлика од некои кои немат пета, а имат само ,,жили” за да никнат како трње на оваа балканско тло и да боцкат по патот по кој Зоран Заев е цврсто убеден дека треба да се оди, тој има неверојатни цврсти ,,петни жили” за да успее и да стигне до целта, за на крај сите вас кои вчера молчевте и манијачки скришум навивавте за ширење на ,,наводното национално предавство”, да ве издржи и да ви докаже дека тој е само обичен човек кој може да згреши, ама може и плукањата да ви ги издржи.

Прашањето е што после тоа – кај ќе ви оди совеста, како ќе му погледнете во очи….. а, инаку доволно се покажавте како родољупци. Уште само да седнете и да си ставите прст на глава – колку сите вие помогнавте на оваа државичка дали со години, со векови – да се бави со историјата или конечно со иднината.

Да, вчера ве прочитавме оти Зоран Заев ви ја врати слободата за да си пишувате и кажете што си мислите, ви довери мандати, позиции, фотељи, шанси кариерно да напредувате….. ама вие, онака балкански, одбравте да се скриете или пак да си кажете дека сте големи татковобранители, а за што со прст немате мрднато, напротив секогаш сте биле исфрустрирани мрчатори и дрвени филозофи.

Пак да повторам и да ве потсетам – Зоран Заев има добри ,,петни жили” и пак ќе ве претрча! А, вие продолжете да боцкате – така го правите уште поупорен!

Фејсбук статус на Мирјана Јанева