-При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погржи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност, посочува министерката за финансии на својот профил на Фејсбук.

Сите кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок.

Во тек е аплицирањето во Агенцијата за вработување, кое ќе трае до 26 јуни. За оние на кои им е потребна поддршка! – порача Ангеловска.

Креиравме бројни мерки во три сетови наменети за соодветните периоди – така со мерките од третиот сет наменети за заживување и опоравување ги помагаме граѓаните, но и компаниите со цел побрзо опоравување и обновување на економската активност која ќе резултира со ре-отварање на работни места. – заклучи министерката за финансии.