Директорот на Здравствениот дом во Крива Паланка, д-р Бранко Стаменковски, информираше дека од семејството на поранешниот министер Љупчо Николовски, пристигнала донација од 200 скафандери.
Во овие тешки моменти кога сите се бориме со невидливиот непријател COVID-19, како директор на ЈЗУ Здравствен дом – “Академик Проф. Д-р Димитар Арсов“ – Крива Паланка, упатувам благодарност до локалните бизнисмени од нашата општина за донацијата од пет апарати за концентриран кислород со кои се олеснува дишењето на пациентите.
Исто така, информирам дека пристигнати се 200 скафандери, донација од семејството на доскорешниот пратеник, министер и наш сограѓанин, Љупчо Николовски. Помош која ни е од особено значење во делот на заштитата на нашите вработени.
Со коронавирусот се бори речиси целиот свет, тој не` не одмина ниту нас. Затоа, да ги слушаме препораките на надлежните и да се придржуваме кон мерките, бидејќи само така, помагајќи си на себе, ќе помогнеме и на сите други во борбата со ова зло.
Останете дома!” – напиша на Фејсбук, д-р Стаменковски.