Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски потпиша Договор за имплементација на проект „Создавање услови за рурален развој,развој на туризмот и развој на земјоделието во Североисточен Плански Регион“.

„Инвестициските активности на проектот предвидуваат изградба на пешачка патека која води кон туристичкиот локалитет Калин Камен во должина од 974,35 метри, како и реконструкција на тротоарите во Крива Паланка со должина од 2,025 метри.
Вкупниот буџет за реализација на овие активности, кои ќе се реализираат во Крива Паланка е во висина од 13.617.392 денари, а дел од финасиските средства се обезбедени преку Бирото за Регионален Развој за 2021 и 2022 година.
Краен рок за реализација на активностите од проектот, е до крајот на тековната 2022 година, а имплементатор е Центарот за Развој на Североисточниот Плански Регион“, посочи Митовски.